Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИТЕ ГИ ИЗБРОЈАА КАМЕРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: На пат до Грција забележале пет камери

СРБИТЕ ГИ ИЗБРОЈАА КАМЕРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: На пат до Грција забележале пет камери

Сезоната на летувања на големо се приближува, а илјадници туристи кои со автомобил се подготвуваат за пат кон Грција ќе мора да обрнат посебно внимание на една важна новина.

На автопатот низ Македонија, поточно на најпрометната делница кон граничниот премин Евзони, неодамна се поставени пет нови камери за мерење на брзината. За солените казни да не ви го упропастат долгоочекуваниот одмор, добро запомнете ги овие локации и прилагодете го возењето, пишува Б92.

Страницата Nikana.gr објави список со локациите на петте нови камери за брзина на патот низ Северна Македонија кон Грција:

  • Пред исклучувањето за Скопје

  • Пред најпознатото место за пауза во Македонија – „Bastion plaza fast food“

  • Многу блиску до втората – на околу 5 км по одморалиштето „Bastion plaza“

  • По исклучувањето за Велес

  • По четвртата наплатна станица, веднаш на излезот од тунелот

Посебно обрнете внимание на делниците со ограничување на брзината од 70 км/ч, таму најчесто стојат патроли и радари и ги има на повеќе места долж патот, најчесто зад кривини – наведува Nikana.gr.


Слично

Поврзани вести