Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИНОТ ШТО СВИРЕПО СИ ГО УБИ СВОЈОТ БРАТ - го пронајде и фати нашата полиција близу Кавадарци

СРБИНОТ ШТО СВИРЕПО СИ ГО УБИ СВОЈОТ БРАТ - го пронајде и фати нашата полиција близу Кавадарци

Нашите полициски сили уапсиле Србин кој бил баран за свирепо убиство на својот брат во Србија.

Тој, како што соопшти МВР, им е предаден на српските власти.

„Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал при МВР по добиено барање од Интерпол Белград, а во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка, СВР Куманово, ОВР Кавадарци и РЦ за ГР Север, на 29.09.2021 на територија на општина Кавадарци, во место викано Шамаци, го пронајдоа и  лишија од слобода  српскиот државјанин А.Ф. (43) од Пожаревац, кој во Република Србија е осомничен за сторено кривично дело “свирепо убиство“ на неговиот брат“, се вели во соопштението од МВР. 

Приведениот е предаден на полициските служби на Република Србија за понатамошна постапка.

Слично

Поврзани вести