Србин спасил Македонец во Грција, за малку ќе се удавел
Србин спасил Македонец од давење во Грција.
Веста ја објавија на Фејсбук страницата „Грција Инфо“.
„Брачната двојка влегла во водата држејќи се за раце. Сопругата е пливач, додека сопругот не знаел да плива. Тие се оддалечиле околу 50 метри од брегот, каде што водата била длабока до половината, кога слушнале крик и повик за помош. Девојката што била во нивна близина почнала да вика помош. Во тој момент, еден млад човек од Србија, кој бил на плажа, скокнал од лежалката и без размислување се стрчал кон водата за да помогне. Успеал да го извлече човекот од водата и да го изнесе на брегот“, се наведува на оваа страница.

Меѓу капачите имало и девојка, докторка по професија, која веднаш започнала со реанимација.
Слично
