СРБИН ЈА ИСТЕПАЛ СОПРУГАТА И ЈА ОСТАВИЛ KAJ ДЕМИР КАПИЈА: Со синот и внуката продолжил кон Табановце
Србин ја истепал сопругата, ја оставил кај Демир Капија, по што со внуката и синот си продолжил кон граничниот премин Табановце.
По тепачката сопругот го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука, го продолжил патот кон граничниот премин „Табановце“.
Четириесет и деветгодишната С.М. од Република Србија вчера пред 20 часот е пронајдена повредена на автопатот Демир Капија – Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес. Таа била кај десната коловозна лента.
По пронаоѓањето на жената, додаваат од СВР Велес е извршен разговор со сопругот на жената, 52-годишниот Б.М. Неговата изјава била дека додека се враќале од одмор од Грција неговата сопруга, за кој рекол дека имала здравствени проблеми, го нападнала во автомобилот по што дошло до физичка пресметка.
Тој, како што објаснил, го запрел возилото и ја оставил С.М. покрај патот, а потоа со автомобилот, во кој биле нивните малолетен син и внука, го продолжил патот кон граничниот премин „Табановце“. Итна помош укажала помош на жената, а потоа е однесена во „Негорци“.
За настанот, додаваат од СВР Велес, бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
