СРАМОТА Е ПАСОШОТ ДА ВАЖИ ВО ГЕРМАНИЈА И ВО ШВАЈЦАРИЈА, А НЕ И КАЈ НАС: Министерот Тошковски кажа дека стигнале само 20.000 обрасци
-Срамота е
Македонија да ги зароби граѓаните на територија на која што сме и притоа
доколку пробаат да излезат од Македонија, ние не ги пуштаме, заради тоа што
Законот е таков, а слободно може да се движат со македонскиот пасош со старото
име во рамки на Германија, Швајцарија, Албанија, Косово. Очигледно е дека МВР
превзема максимум во рамки на можностите коишто ги има во овој дел, но би сакал
да го повторам решението на маките на граѓаните, а тоа решение е 61 пратеник да
си ја заработи платата и да стиснат на тоа пусто копче, како што го сменија
Законот за безбедност во сообраќајот, така да го сменат и Законот за патните
исправи, и да го решат веќе еднаш проблемот на граѓаните, изјави техничкиот
министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Потврди дека веќе пристигнале 20.000 обрасци со новото име на државата.
-Не сакам да отворам теми во јавност каде што немам точни и информации, но отприлика некаде во осми месец имало договор согласно којшто заклучно со 18 февруари во Македонија требало да пристигнат 400.000 обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и притоа заклучно со 18 февруари согласно тој договор е превземена обврска негде отприлика во декември месец за 22.000 обрасци. Немам уште утврдено со соодветни докази, зошто е така сторено. Но ќе истражиме, посочи Тошковски.
ФОТО: МИА