СРАМНО Е ЗА ДРЖАВА ДА НЕМА НИКАКОВ ВОЗЕН ПАРК ДА ОПСЛУЖИ ДЕЛЕГАЦИЈА: Томовски открива дека за вакви потреби се земаат возилата на поранешните претседатели
Директорот на СОЗР, Ивица Томовски открива дека државата нема возила и дека заради тоа не може да опслужи делегација. Тој истакна дека кога во земјава доаѓа делегација, се позајмуваат возилата на поранешните претседатели на кои државата им ги доделила возилата, а потоа се пресметува кој од министрите не учествува на делегацијата за да се земе и неговото возило.
„Ние имаме и јавен тендер рент-а-кар, не за возила туку за минибуси и комбе. Можам да кажам дека немаме никаков возен парк и срамно е за држава да нема никаков возен парк за таа цел. Во постапка сме на истражување да набавиме минибуси 8+1 и ВИП 4+1 возила, кои ќе служат за пречек на вакви делегации, кои што ќе заменат 3 или 4 Шкоди. Нема да објавуваме тендер и ќе заштедуваме. Во процедура сме на истражување за да набивме 4 електрични возила, бидејќи ние како служба имаме и курирски услуги, возиме од институција до институција и за тие потреби возиме стари и дотраени возила од 2000/2010 година кои што реално бараат многу сервис и трошиме многу пари за сервисирање. Пописплатливо е да земеме електрични возила бидејќи ќе служат само за низ град“, рече Томовски во поткастот на 4Тв.
