Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРАМНО, ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО: КСОМ со остра реакција за можното покачување на функционерските плати

СРАМНО, ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО: КСОМ со остра реакција за можното покачување на функционерските плати

Тоа што вчера го слушнавме и го дознавме, а веќе го лиферуваат и политичарите, почнувајќи од премиерот па натака, е срамно, дрско и безобразно за една држава која има долг од неколку милијарди евра и уште се задолжува, за тие да имаат покачување од 400 евра. Ова го кажа денеска Гоце Делчев Тодев, главен координарот на Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ). 

Претставниците на конфедерацијата денеска со остар тон реагираа на вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски за покачување на платите на функционерите заедно со предвиденото покачување на минималната плата во март.

Главниот координатор на КСОМ на денешната прес-конференција за покачувањето на платите на функционерите, која како што вели, е една плата на административен работник, односно околу 400 евра, рече дека е срамно, дрско и безобразно. 

Како реакција на ова, за поголема иронизација на ситуацијата, тој рече дека ќе се отвори фонд за донации каде што членовите од синдикатите ќе донираат за да има повисок додаток во платите на функционерите во случај, како што рече, ако и ова покачување не им е доволно и додаде дека не е исклучена ниту можноста за протести.

Претседателот на независниот синдикат на здравствени работноци, Боби Бојчевски, во однос на истото рече дека медицинска сестра која се грижи за нивното здравје, здравјето на нивните семејства и деца, има месечни примања од околу 24-25 илјади денари, додека благајникот, сметководителот, администравниот работник, кои работат во Клинички центар или во Здравствен дом имаат и помала плата од тоа.

- Малку да се свртиме да го погледнеме овие структури во здравството, да им се помогне на овие луѓе и под итно ги бараме покачувањата од 30 проценти и линеарно зголемување во здравството, како ќе се покачи минималната плата, така линеарно да се покачи платата на здравствените работници, административно-техничкиот персонал, како и на техничкиот персонал во секторот на здравството во цела територија на Република Македонија, рече тој.

Потенцираше дека живеачката со платите што ги имаат вработените од здравствениот сектор е невозможна со оглед на тоа дека потрошувачката кошничка изнесува, како што нагласи, 56 илјади денари и најави можни протести во март со блокирање на улиците.

Од друга страна пак, прашан за коментар околу проблемите за вадење на лични документи, Тодев одговори дека еден вработен кој слика и ги издава личните документи има месечна плата од 22 илјади денари, додавајќи дека по реакциите на граѓаните за долгите чекања отворен е нов пункт во Кисела Вода каде што посочи дека исто се чека многу, рече дека има 10 или 11 кабини, но само три или четири работници што сликаат, а ниту еден вработен во полицијата не сака да си го напушти своето актуелно работно место и да ги дополни овие места за таа плата. Тој оваа опција ја оцени како „невозможна мисија”.

Од друга страна, денеска министерот за финансии изјави дека нема пари за покачување на платите на функционерите оваа година.

- Нема пари за дополнителното зголемување според законот каде што секоја година им следи зголемување согласно усогласувањето со просечната плата. Нема пари во Буџетот планирани за дополнително зголемување на платите на функционери и именувани лица - рече Бесими.

Слично

Поврзани вести