Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спутник: Македонија ќе пушти цунами од мигранти ако ЕУ го подржи Заев

Спутник: Македонија ќе пушти цунами од мигранти ако ЕУ го подржи Заев

Српската верзија на Спутник пренесе прилично шпекулативна вест со бомбастичен наслов дека ако ЕУ продолжи да му дава поддршка на Зоран Заев да формира нова влада, Македонија под водство на претседателот Иванов би пуштила цунами од мигранти отворајќи ги границите. 

Главен извор на оваа „анализа“ им е Миленко Неделковски кој смета дека токму мигрантската криза е силен политички капитал кој го има Иванов. 

Сепак, дури и да имало таква најава од Иванов треба да се остварат неколку претпоставки. Прво Турција да се реши да ги затвори своите кампови и да им дозволи на бегалците слободен пат до Грција, потоа тие да се пробијат во Македонија, па потоа Србија да се реши да ги отвори границите и се така до некоја од побогатите европски земји каде најчесто бегалците сакаат да мигрираат.

Вчера Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, јасно му порача на Иванов дека потребно е да се донесе решение кое ќе се базира на демократските принципи, пристојноста и здравиот разум. Од друга страна пак, се заблагодари за улогата на Република Македонија во справување со мигрантската криза. 

Иванов и по овој директен обид на ЕУ да се реши политичката криза во Македонија посочи дека добро ги знае своите надлежности според Уставот и досегашната пракса, па така сака да спречи однапред големи последици врз земјата. 


Слично

Поврзани вести