„Спротиставени“ птичји перспективи од денешниот марш на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Фактор никогаш не лицитирала со бројки на учесници на протестите или митинзите на било која политичка партија во Македонија, бидејќи луѓето не се обични бројки и секој кој излегол на улица тоа го направил според сите права кои му следуваат и тука нема простор за потценувања или потсмевања.

Единствено што сме се спротиставувале и манипулацијата која медиумите ја вршеле со навивачки наслови, реки народ, илјадници и илјадници граѓани на улиците. За жал пропагандата ниту денес не стивнува иако и самата е свесна за состојбата на терен и искажаната политичка поддршка, па така и грандиозните наслови сега се многу поскромни.
Затоа ви прикажуваме две слики од протестот на ВМРО-ДПМНЕ па сами проценете колку луѓе излегоа да го поддржат лидерот во оставка Никола Груевски на протестен марш против одлуката за притвори на 36 лица која ја оцени како политички реваншизам. Самите термини политички реваншизам и злоупотребата на случајот кој се води во правосудните институции веќе го анализиравме доволно деновиве.


