Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените без маска да седам 24/7, му порачува Миленко на Филипче

Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените  без маска да седам 24/7, му порачува Миленко на Филипче

Откако министерот за здравство, Венко Филипче најави нови мерки поради високиот број заразени од коронавирусот, водителот Миленко Неделковски на социјалните мрежи пишува дека го предизвикува Филипче. 

„Спремен сум да влезам во Инфективна и со заболените БЕЗ МАСКА да седам 24/7 седум дена. Доколку се разболам и умрам, задолжително лекарски независен тим да изврши обдукција и да ја утврди вистинската причина за смртта. Доколку се разболам и се излечам, да се објави со помош на кои медикаменти и третмани сум излекуван, за да може сите понатамошни животи успешно да бидат спасени. Доколку ништо не ми се случи, да ми бидат исплатени 500.000 евра обештетување затоа што лажете и манипулирате со наводниов вирус“, пишува тој. 

Македонија денес регистрира 364 случаи на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести