Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречена експлозија на кислород на Клиника, пациент запалил цигара

Спречена експлозија на кислород на Клиника, пациент запалил цигара

Синоќа на Клиниката за пулмологија во Скопје настанал пожар, но за среќа навреме бил сопрен протокот на кислород и била спречена експлозија и можна голема трагедија, информира Министерство за здравство.

Пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. 

„Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот“, објави министерството.

Слично

Поврзани вести