Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спречен голем шверц на лекови од Македонија во Косово

Спречен голем шверц на лекови од Македонија во Косово

Голема пратка на нелегални лекови од Македонија се запленети на косовска територија откако бил направен обид за шверц. 

Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да ѝ избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал Јанковиќ) на косовско-македонската граница.

– Неколку сѐ уште неидентификувани лица, кои од македонска на косовска територија пренеле голема количина лекови, успеале да ѝ побегнат на полицијата, која води интензивна потрага по нив во соработка со македонската полиција. Лицата тргнале од Македонија и илегално на косовска територија внеле 340 пакети со лекови, вакцини, ампули – јави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“.

Повикувајќи се на полициски извори весикот наведува дека акцијата на полицијата била реализирана ноќта меѓу 8 и 9 април, но во интерес на истрагата за неа информирала денеска попладне.

Според портпаролот на Царинската управа на Косово Адриатик Ставилеци, запленетата стока била предадена на царинските работници на преминот Блаце. Лековите немале никаков вид баркод.


Слично

Поврзани вести