Економија, финансии, бизнис

Контакт

Spotify само што излезе на берза доби тужба од 1,6 милијарди

Spotify само што излезе на берза доби тужба од 1,6 милијарди

Стриминг компанијата Spotify само што реши да излезе на берза со јавна понуда на акции на Њујоршката берза доби тужба тешка 1,6 милијарди долари која се чини дека е идеално темперирана.

Познатиот сервис за стриминг на музика Spotify доби тужба од издавачката куќа Wixen Music која стои зад артисти како Tom Petty, Neil Young, и The Doors за ноевластено користење на нивните песни и содржини за што бара оштета пред судот од неверојатни 1.6 милијарди долари.

Spotify има 140 милиони корисници и голем прилив на средства како и висока пазарна капитализација, но доколку ја загуби оваа тужба од Wixen Music може да се најде во финансиски проблеми, па затоа најверојатно ќе се обиде да се спогоди надвор од судските инстанци.

Процесот на јавната понуда на акции на Spotify чија вредност ќе биде одредена според побарувачката наместо со кревање на интересот од страна на брокерите е доставена на разгледување од страна на Комисијата за тргување и осигурување а конечната одлука треба да биде донесена во наредните месеци.


Слично

Поврзани вести