Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зошто Димитров денес е во Солун?

Зошто Димитров денес е во Солун?

Нова средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се случи денеска на територија на соседна Грција.

Во Солун двајцата министри ги продолжуваат преговорите за спорот со името.

Имено, во пресрет на токму оваа денешна средба, вчера експерти од двете земји ги споделија ставовите околу ова прашање.

Мнозинството од нив велат дека постигнувањето на евентуално решение нема за значи крај на повеќе деценискиот грчко-македонски проблем, бидејќи самиот тој не е политичко-дипломатски. 

Проценките на експертите се дека спорот со името е општествено прашање.

Најмногу апели има за искоренување на предрасудите кај двете општества. 

Јанис Армаколас од Грчката фондација за европска политика “Елиамеп” вели дека за Грците терминот “Македонија” е нераскинлив дел од нивниот идентитет и за создавањето на тоа гледиште во минатото било инвестирано многу.

„Не сум многу оптимистички расположен дека во толку кратка временска рамка ќе се реши спорот со името.  Тоа го кажувам врз основа на  25 годишните искуства, но и јавното мислење во Грција. Дури и најсериозните политичари во мојата земја и сите оние креатори на политики во Грција не даваат простор за компромис и олеснување на процесот  дека вашата земја не треба да биде закана за Грција. Овдека премногу присутни се емоциите и има премногу емотивен отпор“, вели Јанис Армакалос .

Љупчо Петковски од Евротинг пак вели дека  Скопје 2014-та и спомениците беа предмет на оспорување од страна на нашето општество.

„Доколку ние тие слики и факти  ги доближиме го грчките граѓани можеби би ги сфатиле во помал обем тие комплексности кои постојат во односите подобро би се разбрале. Јас кога поминувам кај спомениците и тој дел од иконографијата што е претставен како моја историја, тоа јас не го чувствувам како свое“, вели Петковски.

Каков ќе биде исходот од денешната средба на министрите останува да видиме.

Слично

Поврзани вести