Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОРОТ Е РЕШЕН: Васко Лазаревски нов директор на ОУ „11 Октомври“

СПОРОТ Е РЕШЕН: Васко Лазаревски нов директор на ОУ „11 Октомври“

И официјално скопското основно училиште „11 Октомври“ го доби новиот директор.

После штрајкот на наставниците утрово и прекинот на наставата во општина Центар одлучено е директорската фотелја да му припадне на Васко Лазаревски.

Тој вети дека задоцнетите плати ќе им бидат исплатени на наставницте во најбрзен можен рок.

Политичките препукување меѓу општина Центар и Министерството за образование и нерешениот проблем со двајцата директори е проблем со кој се соочуваа наставниците од почетокот на оваа учебна година.

Имено, директорка Даниела Костадиновска беше сменета од страна на локалната власт и на нејзино место беше назначен Васко Лазаревски Костадиновска одбиваше да ја напушти функцијата, тврдејќи дека во Централниот регистар таа е заведена како легален директор на училиштето.

[button color="gray" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/26/haosot-vo-ou-11-oktomvri-gi-izvadi-na-shtrajk-nastavnitsite/" target="blank" ]Хаосот во ОУ „11 Октомври“ ги извади на штрајк наставниците[/button]

Слично

Поврзани вести