Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОРНО ИЛИ НЕ: Баџанакот на Џафери влезе во Антикорупциска

СПОРНО ИЛИ НЕ: Баџанакот на Џафери влезе во Антикорупциска

Спикерот Талат Џафери вели дека нема ништо спорно во изборот на неговиот баџанак Нури Бајрами за член на новата Антикорупциската комисија.

Џафери вчера изјави дека баџанакот Бајрами е избран во транспарентен процес во кој покрај пратенци учествувале и претставници на медиумите, невладини организации, на Народниот правобранител и МАНУ.

Новиот антикорупционер Бајрами исто така не гледа ништо спорно во неговиот избор и рече дека нема да работи пристрасно и да подлегне на притисоци.

„Да, точно е дека сме баџанаџи, но согласно законот е регулирано дека треба да има изземање ако во тек на постапката човекот кого го споменувате е дел од постапката. Талат Џафери не беше ни дел од Комисијата за селекција, ниту од Комисијата за избори и именување. Не сум во роднинска врска, сватовство до втор степен се други роднини, прашајте луѓе кои се експерти по семејно право“, рече Бајрами.

Бајрами претходно работел во Општина Гостивар. Мухамед Зекири, претседателот на комисјата за селекција, рече дека членовите на комисијата не го знаеле овој податок пред одлучувањето и дека при изборот се ценела стручноста, како и настапот на интервјуата на кандидатите.

Освен Бајрами нови членови на Антикорупциска се и Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Горан Трпеноски и Салаи Шемши. Претседателка е ревизорката Билјана Ивановска.

Слично

Поврзани вести