Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА: Какви се профитните маргини на „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“, кој колку вложи во пандемијата

СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА: Какви се профитните маргини на „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“, кој колку вложи во пандемијата

Во јавноста силно одекнаа профитите на приватните болници во земјава кои минатата година имаа доминантно место во македонската економија, поради пандемиската криза. Годината во која доминираше Ковид-19, ги зголеми профитите на домашните приватни клиники, за двоцифрени, па дури и троцифрени бројки. Најголеми меѓу приватните се Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев Клиник“.  Турската болница „Аџибадем Систина“ оствари во 2020 година приход од 41,3 милиони евра лани, што е само за 6 отсто повеќе од 2019 година, додека добивката изнесува 5,9 милиони евра што е за 89 отсто повеќе од претходната. „Жан Митрев клиник“ има приходи од 27, 7 милиони евра, а добивка од дури 8,1 милиони евра што е за 100 отсто повеќе од годината претходно.

Споредбена анализа само на овие две клиники покажува дека „Жан Митрев“ за разлика од „Аџибадем Систина“ има многу повисока профитна маргина. Тоа значи дека остварените приходи помалку биле покриени со расходи. Во „Аџибадем Систина“ пак, и покрај значајно повисоките приходи, расходите исто така биле високи, а добивката помала од конкурентот што алудира на поголеми инвестиции.


Приватните клиники заедно со државните центри беа први на браникот на здравствената криза и секако спасија многу животи. Солидната организација, стручњаците беа пресудни. Сепак квалитативна анализа ги разликува двете доминантни клиники токму во расходите и демонстрираните вложувања во пандемсикиот период.

Во 2020 година Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја отвори најсовремената Педијатриска болница во земјава и во регионот која е распространета на  4.000 метри квадратни, а во која се добива комплетен третман од дијагноза до терапија. Во клиниката е инвестирано во најмодерна опрема за изведување на различни имиџинг техники односно компјутеризирана томографија, магнетна резонанца, PETST и комплетна еходијагностика.

Дополнително комплетно нов објект е Премиум центарот за физикална рехаблитација и медицина во кои се направени сериозни вложувања. Болницата има најсовремен дијагностички центар во кој од отворањето до денеска се инвестирани 20 милиони евра. Центарот располага со 24 вида високософистицирани медицински апарати кои се клучни во дијагностиката и третманот, како и уште дополнителни 20 ултразвучни апарати за општа и специјалистичка примена во болничките амбуланти.

Во годината во која сите очи беа вперени кон клиниките, а многумина зборуваат и за профитите на приватните клиники притисокот на јавноста се прелеа и во притисок од државата. На барање на Министерството за здравство требаше дел од клиниките да стават на располагање свои капацитети, но тоа го стори само Клиничката болница „Аџибадем Систина“ која инвестираше и го адаптираше хотелот Ибис, но државата никогаш не го искористи.

Дополнително се бараше да се намалат цените за лекувањето во клиниките, процес кој иако беше најавен во „Жан Митрев“, впрочем реално и не се реализираше затоа што единствено се намали цената на депозитот кој се остава пред лекувањето. 

А.Т.


Слично

Поврзани вести