Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Оливер Спасовски се можни организатори на протестите за возење без возачка

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Оливер Спасовски се можни организатори на протестите за возење без возачка

ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение со кое прашува дали СДСМ е можен организатор на протестите во повеќе градови од припадници на ромската националност кои бараат да возат слободно без возачка дозвола, а истовремено од владејачката партија тврдат дека пратеникот Оливер Спасовски има заеднички фотографии со учесниците.

„Луѓето што вчера протестираа против проектот “Безбеден град”, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски.

СДС уште од почнување на тест перидот на проектот “Безбеден град” беа против имплементација на истиот, поради нивни причини кои не заслужуваат ниту коментар.

Но, она коешто е сомнително е како баш овие кои протестираат за да возат без возачки, имаат слика во кампања на СДС и нивниот носител на ИЕ 2 Оливер Спасовски.

СДС да одговори дали стои зад оние кои вчера бараа да возат без возачка дозвола и без регистрација на возилата? Дали ова е начинот на кој СДС ќе посегне да му наштети на проектот “Безбеден град”?Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да ги санкционираат оние кои се закануваа со убиство и правдата да биде задоволена“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести