Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според веб сајтот Пешевски и натаму е вицепремиер, Анѓушев ќе почека на интернет

Според веб сајтот Пешевски и натаму е вицепремиер, Анѓушев ќе почека на интернет

Новиот владин состав веќе е „инкорпориран“ во официјалниот веб сајт vlada.mk, но голем дел од посебните веб страни на министерства, агенции и секретаријата не се целосно обновени. Еклатантен пример за тоа е официјалната веб страница vicepremier-ekonomija.gov.mk која се уште укажува на фактот дека Владимир Пешевски е вицепремиер за економски прашања, а не новоназначениот бизнисмен Кочо Анѓушев. 

Потребата од функционална веб страница во денешно време е суштинска бидејќи голем дел од граѓаните користат модерни алатки и преку интернет може веднаш да комуницираат со своите избраници или владини функционери. 

Затоа изненадува фактот што оваа официјална веб страна која патем речено го носи и .gov доменот се уште не е промената и ставена во функција на новиот Заменик претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и координација на економските ресори Кочо Анѓушев кој треба да биде достапен и за интернет комуникација со граѓаните, но и да има свое место каде ќе ги објавува активностите, плановите и преземените чекори.

Слично

Поврзани вести