Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Според УНЕСКО влашкиот јазик е високо загрозен“: Влаинката Теано Кардула испрати порака за зачувување на културното наследство!

„Според УНЕСКО влашкиот јазик е високо загрозен“: Влаинката Теано Кардула испрати порака за зачувување на културното наследство!

Националниот ден на Власите се прославува на 23 мај. Во Македонија на овој ден се одржуваат прослави и свечености од страна на влашката заедница која со многу љубов и почит го возвишува овој празник.

Интересно за Власите е тоа што тие имаат свој јазик, своја музика, свои традиции и култура. Денеска имавме чест да разговараме со Теано Кардула, Влаинка која одблизу нѐ запозна со влашката заедница.

Со неа зборувавме за тоа како се прославува денот на Власите, кои традиции постојат во влашката заедница, како го чуваат и одржуваат јазикот активен и слично.

ЖМ:Како го прославувате Денот на Власите?

-Денот на Власите во самата заедница традиционално се прославува со свечена академија во Скопје која е проследена со повеќе изведби на проследена со музички и уметнички изведби, како и обраќања и излагања од членови на заедницата.

Покрај овој настан на 23 Мај кој годинава ќе се оддржи во МНТ, на 25 мај во Крушево, ќе се одбележи денот со проектот „Муабети на влашки јазик - од училница до заедница". Програма на крушевските основци кои под менторство на наставничачката Надица Нане подговотвуваат мултимедијален настан посветен на јазикот и културата.

ЖМ:Што за вас значи Денот на Власите и како го доживувате лично?

-Денот на Власите го одбележува денот кога влашката заедница во 1905 година добива официјално признавање на нивната посебност во рамки на Отоманската Империја. Ова е исклучително важен историски ден бидејќи и формално влашката заедница се институционализира на некој начин. А денес е потсетник, дека не можеме толку лесно и „здраво за готово“ да ги земаме тешко изборенитe права.

Целото интервју на Женски магазин.

Слично

Поврзани вести