Според Ролис ниту Чавкови ниту Мијалкови се нивни сопственици
Компанијата Ролис која ТВ 24 откри дека е еден од доверителите на ФЕНИ со реакција да медиумите негира дека во сопственичката структура има членови на семејствата на екс началникот на УБК Сашо Мијакјов и екс началникот на БЈБ Митко Чавков.
„Со оглед дека во текот на денот во некои медиуми се појавија прилози во кои се споменува името на фирмата Ролис и ширење на одредени шпекулации и поврзаност на истата со фамилија Чавкови и Мијалкови, би сакале да ја информираме јавноста дека во целост ги демантираме и отфрламе ваквите невистини“, велат од фирмата Ролис.
Фирмата Ролис е во исклучителна сопственост на г-дин Горан Митев, бизнисмен, и единствен сопственик на оваа фирма, која нема апсолутна никаква поврзаност со споменатите фирми и имиња! Со оглед дека од страна на оваа фирма се запазени сите законски процедури и почитување на сите закони, ги повикуваме јавно сите надлежни инспекции и органи да извршат контроли и да се уверат во исправноста и точноста на целокупната документација и законското работење! Од Ролис велат се работи за шпекулации и клевети со цел да се осуети побарувањето кое Ролис го има во Фени индустри“.
