Девојка од Тетово паднала од балкон – со тешки повреди е однесена на Клиника
Девојка од Тетово вчера паднала од балкон во Тетово и со тешки повреди е пренесена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Според официјалните информации од СВР Тетово, немилиот настан се случил синоќа, околу 18:40 часот. Случајот во полиција бил пријавен од страна на екипите на Итната медицинска помош кои први пристигнале и интервенирале на терен.
Девојката била на возраст од 20 години, а според локалните медиуми паднала од зграда во близина на џамијата „Гам Гам“.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и ќе се утврдува како девојката паднала.
Слично
