Според Миноски нема да се крене возраста за пензионирање - Предизборен момент или реална политика
Актуелниот министер за финансии Кирил Миноски по извештајот на Меѓународниот монетарен фонд од каде се открива дека пензискиот фонд во Македонија е исцрпен и нефункционален, посочи дека не се разгледува препораката за кревање на горната граница за пензионирање.
- Нема да се промени старосната граница на вработените за заминување во пензија, не се размислува и за промена на процентот на социјалните придонеси, истакна денеска министерот за финансии Кирил Миновски одговарајќи на новинарските прашање, по доделувањето награди на конкурсот организиран по повод денот на штедење 31 октомври.
Според законските прописи во Република Македонија, во пензија се оди на 64 години за мажи и 62 години за жени.
Сепак, повеќето финансиски индикатори укажуваат дека пензиите во Македонија се исплаќаат претежно од буџетски средства кои се префлраат директно во државниот Фонд за пензиско осигурување кој пак, е во долгови и нема одржливо работење што на долг рок може да биде голема закана за идните пензионери.
Токму во предизборен период тешко е да се утврди реалната политика бидејќи политичарите се прилагодуваат на кампањата која ја водат и не сакаат да им соопштат на гласачите тешки одлуки и промени.
