Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според Клековски, Центарот за јавно здравје не е одговорен за масовното труење во Гостивар

Според Клековски, Центарот за јавно здравје не е одговорен за масовното труење во Гостивар

Осврнувајќи се на причините за настанатата состојба, министерот за здравство Сашо Клековски, рече дека одговорноста за квалитетот на водата е само кај јавното комунално претпријатие.

- Одговорноста за квалитетот на водата е на јавното комунално претпријатие. Тоа, како давател на услугата, согласно законот е задолжено да врши проверки на квалитетот на водата. Прашањето е дали јавното комунално претпријатие ја вршело својата работа - рече Клековски.

Дополни дека Центарот за јавно здравје – Тетово, преку својата подрачна единица во Гостивар, ја добил набавката за вршење на контролите, но дека се работело со ограничен број на мостри.

- Меѓутоа, таа е со ограничен број мостри на годишно ниво. Во рамките на тие мостри, Центарот за јавно здравје ги земал примероците. Ние сега ги анализираме резултатите и местата каде што се земани мострите, бидејќи тоа ќе биде важно, дополни министерот.

Од опозициската СДСМ и денеска прашувцаат зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата.

„Првите случаи, првите пациени биле забележани на 13 јули, од тогаш по 200 граѓани дневно се пријавувале секој ден.

Зошто, кога бројот на пациенти почнал нагло да расте, никој навреме не ја истражил причината?

Првите детални препораки на здравствени власти се издадени дури на 18 јули, од Институтот за јавно здравје. Значи 5 дена после тоа.

Дополнително, само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле контаминрана вода, Центарот за јавно здравје доставил извештај дека водата може да се пие!“, реагира СДСМ.

Слично

Поврзани вести