Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според ГРОМ по Пуч никој нема да го спречи Иванов за нови аболиции

Според ГРОМ по Пуч никој нема да го спречи Иванов за нови аболиции

Партијата ГРОМ која е во владината коалиција смета дека откажувањето на СЈО од случајот „Пуч“ кој се водеше против Зоран Заев и други обвините може да отвори врата за нови аболиции од претседателот Иванов.

- Образложението на СЈО за тоа зашто се откажува од обвинителскиот акт е обична „евтина манипулација“ со аргументи кои наводно само тие ги знаат и никој друг во државата. Згора на тоа што оваа аболиција, спротивно на важечките прописи, законот и Уставот, ја прави една неуставна институција како што е СЈО, рече Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Ставовите кои ГРОМ се обидува да ги наметни се доста јасни, а тие најмногу им одговараат на владините функционери кои се гонат од СЈО, дека откажување од еден предмет создава некаква имагинативна правна еднаквост и дека по автоматизам сега сите ќе имаат право на наводна аболиција. 

Секако, СЈО имаше свое правно образложение и причини зошто се откажа од гонење на Пуч, а за тоа треба оценки кое се аргументирани да дава правната експертска јавност, не партиски членови. 


Слично

Поврзани вести