Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според Гошев, Заев свесно го маргинализирал Димитров од спорот со Бугарија

Според Гошев, Заев свесно го маргинализирал Димитров од спорот со Бугарија

Поранешниот искусен политичар Петар Гошев смета дека премиерот Зоран Заев свесно го маргинализирал актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров и поставил дискредитирани личности наводно да го решаваат спорот со Бугарија.

Ова поранешниот министер за финансии и гувернер на Народна банка на Македонија го вели во изјава за Дојче Веле во контрекст на своите очекувања дека власта и опозицијата нема да изградат консензус за црвените линии, откако ВМРО-ДПМНЕ најави дека иницијатива за резолуција во Собранието.

„Прво, водството на СДСМ ниту помислува јасно да соопши до каде може да оди во конкретниот случај - можеби, како во многу други случаи, до таму до каде што ‘спакуваното' може да му се сервира на гладниот народ. Историските ‘експертизи', секогаш во нова варијанта (во зависност од денот, местото и реакциите на јавноста, кои постојано ни ги соопштува лидерот на СДСМ), јасно зборуваат дека линијата секогаш може да се поместува понатаму и понатаму. 

Веројатно од тие причини лидерот на СДСМ именуваше дискредитирани личности за посредување во спорот со Бугарија, отстранувајќи го и маргинализирајќи го претходниот министер за надворешни работи, кој стекна важно искуство со водењето  на тешките преговори со Грција и со учеството во подготвувањето на Договорот со Бугарија, кој и инаку е покомпетентен за таа работа од кој било друг во Владата. Дискредитирани луѓе, алчни за сé, па и за рехабилитација, полесно се држат под узда, се виткаат како пластелин, тргуваат како џамбази на Бит-пазар. И уште поважно: црвена линија не можат да постават оние кои не веруваат во самоодржливоста на својата држава, патем напорно придонесувајќи тоа и да го докажат“, рече Гошев.


Слично

Поврзани вести