Според ДУИ „џабе“ прават коалиција БЕСА и Алијансата за Албанците
Од ДУИ велат дека изборниот натпревар меѓу политичките партии во Македонија веќе заврши во првиот круг, на кој ДУИ заврши како апсолутен победник во албанскиот блок.
На 15 октомври ја одбележавме 11-та по ред победа на Али Ахмети и на ДУИ и оваа дебата завршува тука, велат од партијата. Според нив, овој 15 октомври го означува вториот по ред пораз на БЕСА и Алијансата за Албанците.
Оваа нивна реакција следи по договорот на БЕСА и Алијансата за Албанците за поддршка на нивните кандидати за градоначалници во вториот круг од изборите.
„Мерењето на гласовите се врши со споредување на партиската поддршка на добиените гласови за партиски листи за советници и тука ДУИ победи во секое место, оставајќи го опонентите зад нејзе. Бројките покажуваат дека, дури и ако тие беа заедно, тие пак ќе беа зад нас. Оваа ситуација е иста, но уште понапредна, во гласови во корист на ДУИ ако за референца се земаат гласовите на кандидатите за градоначалници“ – вели шефот на републичкиот изборен штаб на ДУИ Арбер Адеми.
Додаде дека во вториот круг на 29 октомври народот ќе ја запечати убедливата победа на ДУИ.
Читајте уште
