Економија, финансии, бизнис

Контакт

Според Данела Арсовска, директорот на КХС има врзани раце од Управниот одбор и не може ништо да направи

Според Данела Арсовска, директорот на КХС има врзани раце од Управниот одбор и не може ништо да направи

Градначалничката на Скопје, Данела Арсовска, претпладнево се огласи уште еднаш во одбрана на директорот на Комунална хигиена - Скопје со тврдење дека му се врзани рацете од Управниот одбор на градското претпријатие.
„Одлуките за Оперативен план за работа и за вработување во КХС ги носи СОВЕТОТ на Град Скопје (ВМРО/ВЛЕН), а најголем број на одлуки намерно не ги гласаа за да предизвикаат хаос.

Функционирањето на секој директор се базира врз одлуките (позитивни или негативни) донесени од Управниот одбор на ВМРО/ВЛЕН и тој може единствено да спроведува тоа што тие ќе изгласаат. Кој директор и да е поставен е блокиран и зависен од нивните одлуки.

Ниту еднаш Советот на град Скопје (ВМРО/ВЛЕН) не превзема мерки за:

- да се обезбедат услови за непречено работење на КХС како што упатува Законот

- да го разреши Управниот одбор на КХС како што упатува Законот

- да го разреши Надзорниот одбор на КХС како што упатува Законот

- да ја промени организацијата на КХС како што упатува Законот“, гласи дел од денешниот пост на Арсовска.


Слично

Поврзани вести