Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОР СО БУГАРИЈА: Македонија е за чести средби, за анекс на договорoт од 12 точки не се зборува, Мицкоски се сомнева

СПОР СО БУГАРИЈА: Македонија е за чести средби, за анекс на договорoт од 12 точки не се зборува, Мицкоски се сомнева

Специјалниот претставник на Македонија за Бугарија ќе има средби со бугарскиот државен врв во следниот период и тие ќе бидат чести, информираат од Министерството за надворешни работи, не прецизирајќи кога Владо Бучковски ќе патува во Софија. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов рече вчера за бугарските медиуми дека Бучковски ќе оди во Бугарија во вторник или во среда но рече и дека Бугарија ќе остане на истата позиција. 

„Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева каде беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план. Улогата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства. Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје - Софија, соопштуваат од МНР.

Каракачнов изјави дека Бугарија е „за“ проширување на ЕУ на Западен Балкан, а „говорот на омраза на сè што е бугарско“ ги загрижува. Вели дека има анекс на договорот од 12 точки.

„Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме. Во македонската свест постои негативна слика за Бугарија, со навредливи квалификации. Северна Македонија има шанса да добие датум за преговори во јануари или февруари, ако го потпишат анексот од 12 точки што го доставивме“, изјави бугарскиот министер.

На ова реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук. Христајан Мицкоски го праша премиерот Зоран Заев и власта, дали ќе се извини Владата што ширела лажни вести, и второ, што содржи анексот од 12 члена кој според него, Владата го крие од очите на јавноста.

„Пред три месеци, во “Само интервју” на Канал 5 телевизија реков дека постои Анекс на Договорот со Бугарија. Тогаш од Заев, неговите немоќни соработници и владината лажлива пропаганда бев нападнат дека ширам невистини. Денес, министер од бугарската Влада потврдува дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, а според информациите со кои располагам е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет. Оттука, имам две прашања: првото, ќе се извини ли владата што ширеше лажни вести, и второто, што содржи анексот од 12 члена кој Владата го крие од очите на јавноста, праша Мицкоски. 

Каракачанов инаку сподели и нова тура закани.

Слично

Поврзани вести