„СПОМЕНОТ ЗА ПАРТИЗАНИТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ ВЕЧНО“ - прилепските активисти на Левица го средија местото околу спомениците на загинатите борци
Активистите на Левица од Прилеп го обновија споменот за загинатите партизани кај манастирот над селото Прилепец.
Партијата тоа го сподели и на социјалната мрежа фејсбук, заедно со фотографии од оваа нивна активност.
„Споменот за партизаните ќе живее вечно.
Активистите на ЛО Левица Прилеп, го обновија спомен обележјето за загинатите партизани од одредот Ѓорче Петров кај манастирот над селото Прилепец. Се засадија и дрвца во чест на партизаните, кој несебично го дадоја својот живот во борбата со бугарската фашистичка војска.
Можеби државата ги заборави, но не и младите левичари. Наша должност и чест е да ги негуваме спомен обележјата. Планското уништување на историјата и историските обележја од владејачките структури, треба да ни биде поголем мотив за вакви акции.
ЛО Левица Прилеп најавува продолжување на вакви акции“, се вели во објавата на партијата предводена од Димитар Апасиев.
Слично
