Споменикот на Ќосето се сели во Сопиште?
Советниците од Сопиште бараат споменикот на Ќосето да биде поставен на кружниот тек во нивната општина.
Шестмина од ВМРО-ДПМНЕ и претставникот на Алијансата за Албанците гласаа „за“, додека четворицата советници од СДСМ и од ДПА гласаа против предлогот, Ќосето да се пресели во Сопиште.
Општина Сопиште бара од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, да им го отстапат споменикот, откако Град Скопје на полноќ го отстрани од пред Судска палата по основ дека бил дивоградба.
На денешната седница на општинскиот Совет на Сопиште е разгледано ова барање.
Споменикот од центарот на Скопје е отстранет пред 5 дена и однесен во кругот на фабриката МЗТ од каде донаторот треба да си го земе.
Слично
