Споменикот кај Кавадарци не е чепнат, МНР загрижено поради шпекулациите
Maкедонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги отфрла тврдењата за наводно оштетување на спомен обележје на бугарски војници во околината на Кавадарци
Информираат дека главниот споменик не потпаѓа под никаков режим на заштитен споменик или културно наследство, но и без тоа истиот е без оштетувања. Второ, околу споменикот постои земјоделско земјиште кое се обработува на начин што се заобиколува ова обележје. Трето, споменикот е надвор од предвидениот појас за изведба на трајните работи истиот не е засегнат од било какви извршени градежни работи и по извршениот увид на терен е констатирано дека е без видливи оштетувања.
„Ситуацијата на теренот покажува дека во моментов споменикот е физички одделен од трасата на која се изведуваат градежни работи на Експресниот пат Градско – Прилеп со заштитна ограда од времен карактер која ќе биде заменета со трајна заштитна ограда предвидена со Основниот проект за изведба. По изведба на оваа ограда слободниот простор меѓу истата и споменикот ќе биде околу 4 метра. По завршувањето на работите, до споменикот ќе има пристапен простор, со цел тој да биде достапен за заинтересираните посетители. Четврто, околу овој споменик нема гробишта или гробни места, а според увидот на терен, таквата состојба не се знае дали била различна во минатото. Околу 100 метра од овој споменик констатирано е дека има и втора помало обележје, чија меморија не е позната. Со утврдената фактичка состојба од надлежните институции, сакаме да ги отфрлиме сите обвинувања кои се појавија во јавноста, притоа и да упатиме апел до сите инволвирани поединци и институции да бидат внимателни и да не наседнуваат на очигледни провокации чија интенција е да ги загрозат добрососедските односи меѓу двете земји, и напорите на двете Министерства за изнаоѓање заеднички решенија за надминување на разликите“, соопштија од МНР.
Од МНР се загрижени поради појава на ваквите шпекулации.
Двата споменици на бугарските војници убиени во Првата светска војна, во близина на Кавадарци, кои се оддалечени еден и пол километар еден од друг, се целосно нечепнати, објави денеска Бугарската национална телевизија (БНТ) чија екипа е во потрага по „скандалот” за осквернавени бугарски гробишта за кој говореше претседателот Румен Радев.
Прашањето за членство на Република Северна Македонија во ЕУ не е само бугарско, само балканско, туку е и паневропско, бидејќи се работи за политичко проширување на Унијата, тема што долго време беше на европската маса и која, за жал, не го најде својот консензус, вели потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Оваа година Бугарија упати неколку протестни ноти до Македонија.
Претходно, на почетокот на октомври имаше протестна нота од Софија.
