СПОМЕНИК ВО ЧЕСТ НА ПРОГОНЕТИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА: Некој ја одзел плочата во паркот „Жена борец“
Kaко што објави полицијата, непознат сторител со употреба на сила одзел спомен-плоча од Споменикот на култура, посветен на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, поставен во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје.
Плочата е дел од меморијалната поставка, која им оддава почит на иселените и прогонетите Македонци од Егејска Македонија. Се работи за споменик на култура со посебно историско значење. Полицијата работи на расчистување на случајот. И претходно во главниот град, но и на други места имаше случаи кога беа оштетени споменици.
Слично
