Економија, финансии, бизнис

Контакт

Споменик на Македонецот Никола Калфа е поставен во Албанија

Споменик на Македонецот Никола Калфа е поставен во Албанија

Во албанскиот град Малиќ е поставен споменик на Македонецот Никола Калфа.

Познатиот претприемач Ѓерѓ Луца пред една година најави заживување на поранешната фабрика за шеќер во Малиќ, враќајќи и го стариот сјај преку инвестиции и работа, наведува весникот „Македониум”.

Според истиот извор уништените магацински простории за брзо ќе бидат новиот дом на фирмата „Rozafa Fish City ” во овој југоисточен град на Албанија.

Работата во Малиќ се движи со брзо темпо и Луца вели дека подигнал споменик во чест на Никола Калфа кој ја водел некогашната фабрика за шеќер во најдобрите производни години. Калфа бил Македонец од селото Врбник, област Девол, македонско егејско село во Албанија.

Слично

Поврзани вести