Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градскиот парк се оштетени

Спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров во Градскиот парк се оштетени

Исчезнаа бистите на авторите Никола Вапцаров и Коле Неделковски од Градскиот парк. 

Во СВР Скопје вчера во 09:52 часот е пријавено дека во Градски парк во Скопје се оштетени спомениците на Коле Неделковски и Никола Вапцаров, а одземени се и бистите од спомениците. Полицијата работи на расчистување на случајот. Спомениците на Вапцаров и Неделковски беа откриени во 2013-та година.  Пред две години беше турнат споменикот на Неделковски. 

Поетот Вапцаров е роден во Банско, а бил еден од организаторите на „Македонскиот литратурен кружок“ во Софија. 

Коле Неделковски е роден близу Велес и се смета за еден од најреволуционерните поети во македонската книжевност.

Слично

Поврзани вести