Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спомен-плочата во Охрид е вратена во првобитната состојба

Спомен-плочата во Охрид е вратена во првобитната состојба

Спомен-плочата на бугарските туристи „Солза на Роза“ во Охрид на која беше испишан графит, е вратена во првобитната состојба. 

Македонското МНР најостро го осуди сквернавењето на спомен-плочата, поставена во сеќавање на жртвите од бродската несреќа од 2009-тата година, кога 15 бугарски туристи загинаа при потонувањето на бродот “Илинден” во Охридското Езеро. Од министерството соопштуваат и дека се преземени мерки за чистење на споменикот и негово враќање во првобитната состојба, за што била известена и Бугарската амбасада во Софија. Велат дека станува збор за изолиран случај, кој не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните.

Протестна нота денеска стигна од Бугарија поради повторното сквернавење на спомен-плочата на 15-те загинати туристи во Охрид. 

Споменикот беше осквернавен и во ноември лани, но тогаш Општина Охрид уште следниот ден постави нова плоча со натпис на споменикот „Солза на Роза“.

Слично

Поврзани вести