Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спомен-плочата на Левица поставена на Вејце издржа само три дена

Спомен-плочата на Левица поставена на Вејце издржа само три дена

Новата плоча со имињата на осумте припадници на безбедносните сили, кои загинаа во маскарот кај тетовско Вејце, е уништена по три дена откако беше поставена. Обележјето беше поставено на 28 април на местото на трагедијата од 2001.

Покрај тоа, уништени се цвеќињата и свеќниците, а стои само плочата со имињата оставена од Одборот на бранители.

„Вечна им слава на македонските бранители, гробот вечно ќе им се знае, бидејќи не можете толку да искршите колку што ние може да поставиме“, порачуваат од партијата Левица.

Плочата ја поставија пратениците на Левица - Димитар Апасиев и Борислав Крмов.


Слично

Поврзани вести