Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спомен обележје ќе никне кај Ласкарци?

Спомен обележје ќе никне кај Ласкарци?

Гостиварскиот градоначалник, Арбер Таравари го посети селото Ласкарци каде се случи тешката сообраќајна несреќа во која загинаа 15 лица, а 38 беа повредени. Тој побара од истражните органи да ги откријат причините за сообраќајката. Таравари на мештаните на селото им вети помош од општината.

„Луѓето кои во трагичната ноќ на 13 февруари, кога починаа 15 гостиварчани, се покажаа најголемите херои. Тие се тие кои ги спасија. Дојдов да им се заблагодарам. Ни одржаа лекција на хуманост и солидарност“ – рече Таравари.

Тој најави и можност за изградба на спомен обележје или пак улица во селото.

Претставници на месната заедница на селото Ласкарци предводена од престедателот Самет Мисини, вчера ја посетија Општина Гостивар.

Деновиве обвинителот Љубомир Јовески повика да се почитува презумцијата на невиност, затоа што возачот на автобусот добивал закани по живот. 

Слично

Поврзани вести