Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПОДЕЛУВАЛ ФОТОГРАФИИ ОД БИВШАТА: МВР поднесе кривична пријава против жител на Делчево

СПОДЕЛУВАЛ ФОТОГРАФИИ ОД БИВШАТА: МВР поднесе кривична пријава против жител на Делчево

Жител на Делчево доби кривична пријава поради злоупотреба на лични податоци и полово вознемирување, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.К.(38) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на лични податоци“ - се наведува во објавата. 

Од оваа институција појаснуваат дека обвинетиот на социјалните мрежи објавил и споделувал со други лица фотографии од поранешната партенерка.

- Пријавениот, во периодот од 25.12.2023 до 16.01.2024 на социјални мрежи објавил и со други лица споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка, од кои дел биле со експлицитна содржина, а кои ги направил додека живееле заедно - се појаснува во објавата на МВР.

Слично

Поврзани вести