Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спиро Ристовски: По 27 април на полноќ штабот на Центарот за комуникации беше преполн

Спиро Ристовски: По 27 април на полноќ штабот на Центарот за комуникации беше преполн

Поранешниот министер за образование Спиро Ристовски, како обвинет за организација на насилните настани во Собранието на 27 април 2017 година, рече дека штабот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ по полноќ бил преполн со луѓе.

– Околу 17 часот отидов во партијата во Центарот за комуникаци, го чекав Земри Ќамили за да одиме во посета на поранешниот министер за образование Абдилаќим Адеми. Во тој период почнаа настаните во Собранието. За цел тој период бев во партијата, ситуацијата беше хаотична. Имаше огромен број на луѓе градоначалници, пратеници. После полноќ штабот на Центарот за комуникаци беше преполн – рече меѓудругото во својот исказ Ристовски.

Според Ристовски. поединци од партијата ги поддржувале протестите, а партијата како субјект не стоела зад нив. 

- Од организаторите на протестите го знам само Богдан Илиевски, и него ретко сум го сретнал – рече тој пред судот и наведе дека дента извршувал приватни работи, односно одреден период бил во Министерството за образование.

Како што рече тој, претходниот исказ на Александар Василевски – Нинџа, што се однесува до него е невистинит.

– Станува збор за невистинит исказ од лицето Александар Василевски – Нинџа. На денот на настанот не сум комуницирал, ниту пак сум го сретнал во просторите на ВМРО-ДПМНЕ, како што тој тврди. Во тој период немав никаква партиска функција, не сум имал никаков контакт со структурите на партијата – изјави обвинетиот Спиро Ристовски.


Слично

Поврзани вести