Спикерот Џафери не може да влезе во кабинетот штитен од пратеници на ДПМНЕ
Талат Џафери иако успеа да влезе во демолираното Собрание и натаму не може да влезе во неговиот претседателски кабинет бидејќи истиот е „окупиран“ од страна на пратеници на ДПМНЕ.
Тие стојат пред вратата на канцеларијата на претседателот на Собранието и не го пуштаат ново-избраниот спикер да влезе, неофицијално дознава А1он.
Според информациите дел се пред канцеларијата, а дел се во неа, но медиумските екипи засега не можат да стигнат до таму.
Слично
