Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спикерот Џафери го врати како неуреден предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во Тетово

Спикерот Џафери го врати како неуреден предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во Тетово

Спикерот Талат Џафери му достави известување на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски дека нивниот предлог за формирање на Анкетна комисија која би утврдила одговорност за страотниот пожар во Тетово, во кој загинаа 14 лица, е неуредна, и затоа им се враќа на доусогласување. 

„Ве известувам дека доставената предлог одлука за основање на Анкетна комисија за утврдување на факти и одговорност за пожарот во модуларната болница Ковид центар од Тетово, доставена на 21 септември, од пратениците Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Ели Панова, Антонио Милошоски, Ане Лашкоска, Петар Ристески, Ангеликна Петкова, Лидија Петковска, Благица Ласовска, Никола Мицевски и други, не е во согласност со амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија и ви се враќа како неуредна. Истата да се усогласи во рок од 15 дена“, стои од собранискиот претседател Џафери до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести