Економија, финансии, бизнис

Контакт

Специјално од Израел: Македонката Викторија Саркисјан со сведоштво од ракетните воздушни напади на Тел Авив

Специјално од Израел: Македонката Викторија Саркисјан со сведоштво од ракетните воздушни напади на Тел Авив

Нетолеранцијата е често висока меѓу Израел и Палестинците кои живеат во источен Ерусалим, Газа и Западниот брег. Со Газа управува палестинската екстремистичка организација Хамас, која со години се бори против Израел. Израел и Египет строго ги контролираат границите на Газа со цел да ја запрат испораката на оружје до Хамас.

Ситуацијата се влоши од почетокот на светиот муслимански месец Рамазан, во средината на април, со бројни ноќни судири меѓу полицијата и Палестинците. А потоа започна и рактен воздушен напад на обете страни. Бројот на мртви и повредени во Газа и Израел расте во последниот бран на конфликтот меѓу Хамас и Израел. 

И на двете страни населението секојдневно се соочува со невиден страв од воздушните напади. Главниот град на Израел, Тел Авив не е исклучен од нападите. 

Во оваа земја имамаме неколку Македонци кои живеат и работат таму. Една од нив е и нашата соговорничка, Викторија Саркисјан која сведочи за Машки магазин за бомбардирањата. Во моментот кога го правевме видео разговорот преку апликацијата Viber се слушаа големи детонации, а и сирените засвиреа, па мораше да го продолжиме разговорот откако Саркисјан се врати од засолниште.

 Каква е моменталната ситуација во Тел Авив? Градот сепак работи и покрај ракетите...

- Во Тел Авив сѐ се одвива нормално и покрај ракетирањата. Ракетирање има најчесто навечер, во текот на ноќта. Преку ден се поретки. За разлика од Тел Авив, Ашкелон и Ашдод и во нивната околина, бидејќи се најблиску до Газа, веќе цела недела 24 часа ги ракетираат. 

 Што се случува кога се најавува ракетен напад? Се вклучуваат ли сирените, одите во засолниште, колку време сте скриени... 

- Кога има ракетен напад, почуваат да свират сирените. Тогаш имаме минута до минута и пол да се засолниме. Најважно е да не се прави паника и да се почитуваат инструкциите. Поновите згради имаат заштитна соба во самите станови, додека останатите имаат во зградите долу. Што значи за една минута треба да се симнеме долу во засолниште, или може да се остане во скалишниот простор. Додека траат сирените седиме во засолниште. Но, најчесто остануваме таму и откако ќе престанат, затоа што може да има најава за нов напад, обично еден по друг. 

Повеќе на Машки магазин овде

Слично

Поврзани вести