Економија, финансии, бизнис

Контакт

Специјалниот советник на Хан бара зелено светло од ЕУ за преговорите на Македонија

Специјалниот советник на Хан бара зелено светло од ЕУ за преговорите на Македонија

ЕУ да го признае напредокот и даде зелено светло за преговори со Македонија, ова е пораката која ја испрати Франк Шаусбергер, специјален советник на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан по постигнатата спогодба меѓу Македонија и Грција.

Оценката на Шаусбергер е дека договорот носи позитивни последици за регионот и за цела Европа.

„Успехот на договорот меѓу Македонија и Грција ќе значи и потврда дека ЕУ може да има улога на посредник во разрешување конфликти и покрај огромните потешкотии во сопствените редови.

Стратегијата на ЕУ за проширување претставена на 5 февруари годинава, спроед Шаусбергер, предизвика динамика во земјите од Западен Балкан што не треба да се потцени“, рекол Шаусбергер за австрискиот весник „Пресе“.

Слично

Поврзани вести