Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК СТЈУАРТ ПИЧ ОД ОК ВО СКОПЈЕ: Каква донација ќе добијат припадниците на Армијата?

СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК СТЈУАРТ ПИЧ ОД ОК ВО СКОПЈЕ: Каква донација ќе добијат припадниците на Армијата?

Скопје денеска е домаќин на двајца високи функционери. Покрај претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, во земјава денес е и  Стјуарт Пич.

Пич е специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан .

Според најавите, Стјуарт ќе се сретне со шефот на државата Пендаровски, собранискиот спикер Џафери, премиерот Ковачески и неговиот заменик Груби, но и со министерите Спасовски, Османи и Славјанка како и со лидерот на опозицијата Мицкоски.

Она што е посочено како цел на посетата на специјалниот претставник е да се посочи посветеноста и поддршката на Обединетото Кралство за Македонија на патот демократијата, владеењето на правото и справивањето со криминалот и корупцијата.

Она што посебно е нагласено е што Стјуарт попладнесо министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.


фото: кабинет на претседател.мк

Слично

Поврзани вести