Економија, финансии, бизнис

Контакт

Специјалистите добија поголема плата

Специјалистите добија поголема плата

Септемвриската плата ќе биде поголема  за 3.700 денари плус на специјалистите на универзитетските клиники, лекарите специјалисти во општите болници ќе добијат за 4.060 денари поголема плата, а на специјалистите на универзитетските хирургшки клиники таа им се зголемува клиники 4.500 денари.

- Со зголемените проценти за дежурства и прекувремена работа, плус ова зголемување на платите, верувам дека специјалистите ќе бидат позадоволни. Ова беше приоритет од програмата на Владата на Република Македонија која со овој договор тоа го остваруваме - изјави премиерот Зоран Заев.

Тој додаде дека зголемува на доходите во јавно здравство со тоа ќе добијат 15.000 здравствени работници.

Во Владата на Република Македонија министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски, ја потпишаа Спогодбата за утврдување на најниската плата за најнизок степен на сложеност и за начинот на пресметување и исплата на платите во здравствената дејност.

Слично

Поврзани вести