Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спец. Доника Тахирсуљај Алидеми: Лицата со COVID-19 се со поголема веројатност да развијат депресија, анксиозност или когнитивни нарушувања

Спец. Доника Тахирсуљај Алидеми: Лицата со COVID-19 се со поголема веројатност да развијат депресија, анксиозност или когнитивни нарушувања

Иако истражувачите сè уште работат на тоа да дознаат точно како влијае новиот коронавирус не само на умот, туку и на функцијата на мозокот, речиси 20 проценти од пациентите со КОВИД-19 развиле некаква форма на нарушување на менталното здравје - како што се појава на депресија, анксиозност, когнитивно нарушување во период од 3 месеци по поставувањето на дијагнозата, вели Доника Тахирсуљај Алидеми м-р сци, специјалист по клиничка психологија.

„Поради доживеаниот стрес во пандемија и физичките ефекти на болеста, КОВИД-19 може да резултира со многу психолошки ефекти. Со други зборови, луѓето кои го поминале КОВИД-19, имаат двојно зголемен  ризик да променат расположение или појава на анксиозно растројство со симптоматологија по прв пат. Едноставно, дијагностициран вирус, болест што може да биде опасна по живот, може да предизвика страв, стрес и анксиозност“, објаснува спец. Тахирсуљај Алидеми.

Лицата кои имаат добиле позитивен тест за КОВИД-19 треба да се изолираат, што уште повеќе да придонесе за појава на анксиозност и депресија. Во нормални услови, пациентите можат да се потпрат на своите најблиски додека закрепнуваат во домашни услови, таа што ќе ја добиваат онаа психолошка поддршка и ќе се намали нивото на анксиозност и стрес. Во случајот со КОВИД, поголемиот број од пациентите знаат дека треба да избегнуваат директни контакти со цел да се спречи пренесување на болеста на други лица и затоа им недостига тој комфор и поддршка од другите, а задолжителната изолација предизвикува елементи на депресија и анксиозност. И како резултат на ова општата состојба може да се влоши поради опаѓање на имунолошкиот систем.


Закрепнувањето од COVID може да трае неколку месеци, што може да резултира со голем број предизвици како на пример стабилизирање на состојбата, физичка и ментална сила за нормално функционирање, потешкотии при враќање на работно место, потешкотии во грижата за децата или потешкотии при вршење на нормалните дневни рутини, додава м-р. сци Доника Тахирсуљај Алидеми, специјалист по клиничка психологија.

Доколку вирусот влијае директно на централниот нервен систем, ова може да резултира со сериозна невролошка и психијатриска болест, КОВИД-19 може да го наруши деноноќниот ритам на едно лице, што потоа може да предизвика нарушување на сонот, што предизвикува несоница и на тој начин може да се предизвика депресија, анксиозност или други когнитивни промени.

„Ако сте биле позитивни на КОВИД-19, многу е важно да ги слушате советите на вашиот лекар и да му дадете приоритет на вашето физичко здравје и да ја зачувате позитивната енергија. Консумирајте здрава храна, обидете се да одржувате постојан распоред на спиење и да бидете физички активни кога е можно“, советува Тахирсуљај Алидеми, специјалист по клиничка психологија.


Слично

Поврзани вести