Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПЦ одговори зошто не дава македонска делегација да го слави Илинден во Прохор Пчински

СПЦ одговори зошто не дава македонска делегација да го слави Илинден во Прохор Пчински

Српската православна црква денеска информираше дека на македонска државна делегација нема да и биде одобрена посета на манастирот Прохор Пчински, „поради веќе добро познати причини“, пренесе агенцијата „Танјуг“.

„По повод барањето официјална државна делегација на Република Македонија на празникот Свети пророк Илија да го посети манастирот Свети Прохор Пчински со своја програма и пораки, Информативната служба на СПЦ ја известува јавноста дека надлежниот црковен орган, поради причини кои се добро познати, а не се променети со години, не одобри посета на државната делегација на РМ на манастирот“- стои во соопштение од СПЦ.

Патријархот Иринеј и Српската православна црква минатата недела го отфрлија барањето на македонскиот премиер, Зоран Заев и забранија Македонија да го прослави Илинден во манастирот Прохор Пчински.

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ претходно изјави дека не може државата да одлучува за тоа прашање.

„Тоа нема врска со државата, тоа е манастир. Не може државата да одлучува за тоа. Тие секоја година ни се обраќаат, ние тоа барање го проследуваме до црквата, црквата со нив комуницира, а вие знаете какви се односите во тој дел“- рече Дачиќ. 

Според него, нема дилеми дека за ова треба да пресече СПЦ. 

Слично

Поврзани вести