Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасувачки екипи извлекуваат девојка која паднала на Галичица

Спасувачки екипи извлекуваат девојка која паднала на Галичица

Службите за спасување се активирани откако девојка која денеска рекреирала на планината Галичица со друштво, од засега непознати причини, се лизнала и паднала од сртот во близина на црквата Св. Ѓорѓија.

Девојката по падот била контактибилна и се пожалила на повреда на екстремитетите. Неофицијално, таа била исплашена и не можела сама да се искачи од местото на падот, поради што се повикани спасувачки служби и противпожарната единица, пренесува Охрид Њус.

Во тек е извлекувањето на девојката, кое е отежнато поради непристапниот терен и слабата видливост.


Слично

Поврзани вести