Спасувачка драма во Кисела Вода, извлечени работници кои биле живи затрупани
Утринава во скопската населба Кисела Вода најмалку двајца градежни работници се живи затрупани со градежен материјал при ископ на темели и подготовка на терен за изградба на нова зграда.
Немилиот настан се случил зад кафулето „Фејс“, во близина на паркот „Македонија“. На местото на настанот пристигнале амбулантни возила, полиција, противпожарни екипи…
Тројцата работници подоцна се спасени и се донесени на Ургентен центар при Клиникиот центар „Мајка Тереза“, едниот е со скршеници, другите двајца се со полесни повреди, потврдил директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), д-р Игор Мерџаноски.
„Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во координација со Центарот за управување со крици (ЦУК) и Бригадата за противпожарна заштита се преземаат мерки за вадење и на третото лице“, соопшти МВР кога се случи нсереќата.
